Министерството за правда информира дека не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението ,,Цар Борис Трети”.
Еврејската заедница и Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија вчера рекоа дека се згрозени и навредени од регистрацијата на Здружението Цар Борис III од Охрид и го сметаат за глорификација на нацизмот и фашизмот.
Тие во соопштение до јавноста потсетуваат дека Цар Борис III, е ликот кој е директно поврзан со депоратацијата на македонските Евреи во Треблинка. Бараат државата да обезбеди правна рамка со која ќе спречи формирање на вакви друштва.