Македонија

Доаѓа невреме во Македонија, грмежи веќе има во западна Македонија

Доаѓа невреме во Македонија, грмежи веќе има во западна Македонија

Од денес попладне до недела, под влијание на циклонска активност, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Во овој период на места ќе наврнат и над 40 л/м2.

Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни