Македонија

Доаѓа силно невреме од Србија – грмежи во источна Македонија

Вечерва делови од Македонија ќе бидат зафатени од силно невреме проследено со грмотевици, дожд и засилен ветер.

Веќе во северно-источните делови на земјава, како Кратово и Пробиштип има грмотевици и дожд.

„Доцна попладне, претежно во источните делови, ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на краткотрајно невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 32 степена. УВ =8“, велат од УХМР.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни