„Маж ја чекал сопругата, по 5 години таа излезе од затвор“. Овие зборови опишуваат необична сцена снимена во центарот на Белград, која многумина ја дочекаа како шега.
На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, маж пристигнува на Плоштадот на Републиката и на девојка и подарува роза и парче хартија на кое пишува: „Добредојде од затвор, љубов“.
„Дали ви кажав дека 5 години не се многу? Пет години минуваат брзо! Па, навистина брзо излезе“, вели тој попатно.
Девојката, изгледа, не очекувала вакво „добредојде“, но се насмевнала и позирала со натписот.
Видеото привлече големо внимание, а некои го сфатија сериозно, прашувајќи зошто жената поминала 5 години во затвор, фалејќи „маж и жена кои не се напуштаат кога се во неволја“ или критикуваат дека „што е паметен човек кој се срами од…“.
