Македонија

Дојран организира дводневен музички фестивал „Мандра фест“

На паркиралиштето на Гранит во Дојран денеска и утре ќе се одржи првото издание на „Мандра фест“ со настап на музички ѕвезди од земјава и Балканот, кои на присутните туристи и гости ќе им го понудат најдоброто на музички план за прослава на Илинденските празници.

Вечерва,на првиот ден од фестивалот на музичкиот подиум во Дојран ќе се појават Петар Грашо, Пајак и Адил,а утре вечер на сцената ќе настапат Жељко Самарџиќ, Луна и Тракер, Раста и Блу бенд.

-Понудата на музички жанрови ќе биде голема и за сите вкусови на присутните гости во Дојран кој претставува одлична дестинација доколку сте љубители на езеро,добра храна и музика, велат организаторите.

Цената на билетите за една вечер изнесува 300 денари,а блок влезницата за двете вечери се продава по 500 денари. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни