„Доколку РСМ го тргне ПЦР тестот истото ќе го направиме и ние“, рече заменик-министерот за здравство на Косово

Доколку Република Северна Македонија го повлече потребниот ПЦР тест за влез во Косово, тоа ќе го направиме и ние, рече вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, заменик министерот за здравство на Косово, Луан Гола.

Се вчитува...

Денеска Комисијата за заразни болести достави предлог до Владата за повлекување на ПЦР тестот, а утре Владат ќе носи одлука за истото.

„Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.“, велат од Министерството за здравство.

.

Извор: ТВ21