Македонија

Домот за деца без родители „11 Октомви“ затворен, Царовска во посета на еден од малите групни домови

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс го посетија еден од малите групни домови во во Скопје каде што од неодамна живеат дел од децата од Домот без родители „11 Октомври” кој е затворен.

Сите деца од домот се преселени во неколку домови со по еден воспитувач. Овој процес е во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и делегација на ЕУ во Македонија начин како децата кои останале од некоја причина без родители може да добијат нормални услови за живот.

„Како што ветивме, до почетокот на второто училишно полугодие целосно го трансформиравме домот. При тоа водевме сметка децата да останат во близина на училиштето коешто го посетуваат и да не ги разделуваме децата коишто се братчиња и сестрички“-соопшти министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни