Американскиот претседател Доналд Трамп привлече големо внимание во јавноста откако нарача храна од познат синџир за брза храна директно во Белата куќа. Наместо воообичаениот протокол, тој ја пречека доставувачката на самата врата, користејќи го моментот за да промовира политичка иницијатива.
Трамп ја покани доставувачката, која носеше маица со натпис „DoorDash Grandma“, да му се придружи пред новинарите во она што личеше на неформална прес-конференција. Целта на овој потег беше промоција на неговиот предлог-закон за укинување на данокот на бакшиш (No Tax on Tips).
Според присутните новинари, Трамп не штедел на дарежливост – тој и подарил банкнота од 100 долари како бакшиш на доставувачката. Иако сцената изгледаше како спонтана нарачка, многумина на социјалните мрежи ја видоа како вешто испланирана комуникациска кампања за зајакнување на неговиот имиџ меѓу работничката класа.
Портпаролката на Белата куќа, Кеροлајн Ливит, го сподели видеото на социјалната мрежа X, нагласувајќи дека благодарение на политиките на Трамп, работниците веќе ги чувствуваат придобивките. Сепак, критичарите сметаат дека ова е само уште еден пример за користење на секојдневни ситуации за политички маркетинг.
