Американскиот претседател Доналд Трамп даде многу лаконски коментар по веста за изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на Иран, ограничувајќи се во интервју за „Тајмс оф Израел“ на зборовите „Ќе видиме што ќе се случи“.
Трамп рече дека одлуката за тоа кога да се запре војната со Иран ќе ја донесе тој „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху . Сепак, американскиот претседател јасно стави до знаење дека тој ќе го има последниот збор, наведувајќи: „Мислам дека ќе биде взаемно… донекаде. Разговараме. Ќе донесам одлука во вистинско време, но сè ќе биде земено предвид“.
Тој рече дека без него и Нетанјаху, Иран ќе го уништеше Израел.
Трамп повторно го изрази своето незадоволство што израелскиот претседател Јицак Херцог не го помилува Нетанјаху во случајот за корупција, велејќи: „Кажете му на тој претседател веднаш да го помилува“.
