Македонија

Досега се вакцинирани 358.686 граѓани

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 484.220 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 358.686 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.299 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.732 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 586.537 дози вакцини, а ревакцинирани се 227.851 граѓани.

Со последните бројки 53 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 50 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни