Македонија доцни со реформите во областа на следење на комуникациите, оцени Емил Димитриев претседател на собраниската Комисија за надзор над следењето на комуникациите, по средбата што ја имаше со експертите од Европската унија и Европската комисија. Бара во најскоро време претседателот на Собранието да овозможи да бидат избрани експерти кои би биле од областа на дигитална форензика. Посочи дека е загрижен поради тоа што со новите закони кои, како што истакна, се во фаза на договори на експертско ниво значително ќе влијаат на намалување на квалитетот на надзорот над службите. Од СДСМ велат дека не сакаат да коментираат изјава која што не им е јасна затоа што такво нешто не постои. Според нив на сила се Законите за следење на комуникациите и Законот за ОТА и ниту се подготвува ниту се планира некаков друг закон.
Неколку месеци разговараме на оваа тема, меѓутоа од страна на Собранието, на раководството на Собранието немаме поддршка во делот на обезбедување на буџет и почнување постапка за избор на експерти. Во тој контекст јас во ноември и писмено се обратив до господинот Џафери дека неопходно е Собранието да помогне во овој дел, во делот на обезбедување буџет и во делот на спроведување на постапката за огласување за избор на експерти бидејќи комисијата нема ресурси самата тоа да го направи.