Македонија

Доживотен затвор за 40-годишникот кој ја уби мајка си во Богданци

Доживотен затвор за 40-годишникот кој ја уби мајка си во Богданци

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци, обвинет за свирепото убиство на неговата мајка, кое се случи во јануари годинава.

Трагичниот настан се случил на 11 јануари во стан во Богданци, каде мајката и синот живееле како потстанари. Според обвинението, по расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот, Станковски со повеќе удари со нож и ножици ја лишил од живот својата мајка.

По убиството, тој самиот се пријавил во полиција.

Од Основниот суд во Гевгелија информираат дека првостепената пресуда е донесена откако обвинетиот ја признал вината пред судот. Станковски беше обвинет за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“.

До правосилноста на пресудата, тој останува во притвор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни