Македонија

Драма на граничниот премин Богородица, не застанал на полицијата, продолжил да вози со голема брзина…

На 23.10.2010 19.00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“.

По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од с.Арачиново, скопско.

Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија.

Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни