Балкан

Драма на хрватското небо: Авион слета, а не се јавуваше на радио врска – итно воен МИГ-21 го пресретна!

Драма на хрватското небо: Авион слета, а не се јавуваше на радио врска – итно воен МИГ-21 го пресретна!

Цивилниот авион со ознака N310FW не реагирал на радио врската, по што авионот слетал на аеродромот Брезовац кај Бјеловар. Во авионот имало две лица, а полицијата за се била информирана, информираат од Министерството за одбрана.

Во вторник, 8 август 2023 година, ловец МиГ-21 на хрватското воздухопловство пресретнал цивилен авион кој влегол во хрватскиот воздушен простор, соопшти Министерството за одбрана.

Станува збор за авионот N310FW кој не реагирал на радио врската, по што леталото слетало на аеродромот Брезовац кај Бјеловар.

Во авионот имало две лица, а за се била информирана полицијата.

Пресретнувањето е извршено според сите правила и процедури на НАТО за таква постапка.

Успешното спроведување на оваа задача ја потврди декларираната способност на нашиот систем за следење и заштита на воздушниот простор, како и сите предности од учеството во интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО, велат од Министерството за одбрана.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни