Македонија

Драма на патот Градско–Скопје: Возач побегнал, во возилото затекнати 12 мигранти

Драма на патот Градско–Скопје: Возач побегнал, во возилото затекнати 12 мигранти

На 17.06.2026 околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило.

Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото.

По пребарување на теренот, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 12 мигранти, од кои пет од Египет и останатите од Турција. Мигрантите биле сместени во транзитен центар Табановце.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.   

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни