Драма на загребскиот аеродром: Пиротехничари на терен!

Најверојатно поради невнимателно ракување, активирано е едно од двете воздушни перничиња на воланот на патнички автомобил

Вистинската драма се случила денеска околу 14.20 часот на аеродромот во Загреб откако авионот пристигнал од Виена. Имено, полицијата добила дојава дека до предметниот авион е оштетена кутија со димензии 50х70 сантиметри.

„Полицијата веднаш по откривањето ги презеде сите неопходни мерки и дејствија, при што е утврдено дека во кутијата нема експлозивни материи. имајќи предвид дека од двете воздушни перничиња, едното се активира без никакви последици“. велат од Загребската полиција за кутијата во која се превезувал воланот на патничкиот автомобил.

Додаваат и дека активирањето на едно од двете воздушни перничиња најверојатно било поради невнимателно ракување.