Во Атина напаѓач уби едно лице, по што се забарикадира во зграда.
Како што јави грчкиот портал „Прототема“, во Атина, главниот град на Грција се случило убиство. Вооружениот напаѓач се забарикадирал на вториот кат од зграда во јужната населба Глифада.
Според познатите информации, две лица се повредени, а едно е наводно убиено во престрелката во бродската компанија. Станува збор за поранешен вработен во таа фирма, се претпоставува дека неодамна добил отказ.
На терен се специјални полициски единици и брза помош. Некои работници успеале да излезат.