Македонија

Драма во Драчево: Маж од Студеничани возел без возачка дозвола, го застанале па за кратко време дошле две возила и ги попречувале полицајците!

Драма во Драчево: Маж од Студеничани возел без возачка дозвола, го застанале па за кратко време дошле две возила и ги попречувале полицајците!
ФОТО: 4news.mk

На 03.03.2026 во 23:55 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје, при контрола на Н.И.(22) од с.Студеничани,скопско, констатирале дека управувал возило без да поседува возачка дозвола.

По кратко време на местото дошле две возила од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С.(30) од с.Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни