Маж во Германија држел заложници во Старбакс.
Вечерва во германскиот град Улм непознат маж држел заложници во познатиот ланец Старбакс.
Маж дошол во кафулето за време на смената и зел четири лица како заложници. Полицијата го примила првиот повик во 18 часот и 50 минути, пишува Билд. Се уште не е познат идентитетот на заложникот. Според германскиот весник, полицијата набрзо дошла во центарот на градот, а на лице место се собрале околу стотина набљудувачи.
Одеднаш, на местото на настанот биле испукани четири куршуми. Луѓето се распрснаа во паника. Полицајците извикуваа: „Сите бегајте одовде!“. Според неофицијални информации, можно е полицијата да пукала. Се наведува дека од центарот на градот тргнала брза помош со повредениот сторител.
Портпаролот потврди дека опасноста за населението поминала.
#BREAKING | Gunman holding 4 people hostage at Starbucks in Ulm, Germany – SWP pic.twitter.com/mTZL32nopS
— Breaking news 24/7 (@aliifil1) January 26, 2024