Свет

Драма во Германија: Се трага по маскиран напаѓач, убил двајца работници во фабрика

Драма во Германија: Се трага по маскиран напаѓач, убил двајца работници во фабрика

Опсада владее во германскиот град Бад Фридрихшал во Баден-Виртемберг по пукањето во фабриката на компанијата Хенел, која произведува прецизни запчаници.

Според првичните информации, во 17 часот и 45 минути маскиран и вооружен маж упаднал во фабрика во квартот Хајлброн и според полицијата, двајца мажи биле убиени, а еден е тешко ранет.

Се верува дека жртвите се вработени во компанијата, пишува Билд.

Напаѓачот успеал да побегне, па полицијата започнала операција во која учествувале хеликоптер и тим за специјални операции.

Блокади на патиштата се поставуваат и во Бад Фридрихшал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни