Балкан

Драма во Хрватска, десет млади ракометари исчезнаа без трага

Драма во Хрватска, десет млади ракометари исчезнаа без трага

Без трага исчезнаа десет ракометари на Бурунди кои со својата репрезентација дојдоа во Хрватска да се натпреваруваат на Светското првенство за ракометари до 18 години.

Како што јави Глас Истра, тие во средата попладне ги напуштиле просториите на студентскиот центар во Риека, каде што биле сместени.

Откако никој од нив не одговорил на телефонскиот повик, полицијата започнала истрага.

Како што соопштија од СВР Приморско-горанска, се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатите, како и за утврдување на релевантните факти и околности за исчезнувањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни