Свет

Драма во Москва: Седум лица повредени во верижни судири, вклучени 50 возила, има загинати

Драма во Москва: Седум лица повредени во верижни судири, вклучени 50 возила, има загинати

Едно лице загина, а седум се повредени денеска во два одвоени верижни судири во Москва во кои учествувале повеќе од 50 возила.

Првиот верижен судир се случи на автопатот М-4 кај Ступина. Во него учествувале 29 возила, а едно лице загинало, а три се повредени, пренесува РИА.

Уште една голема сообраќајна несреќа се случи на автопатот М-8 во областа Пушкино, во која се судрија 22 автомобили, при што четири лица се повредени.

Последниве денови во Москва се влоши времето поради циклонот Олга, а во руската престолнина денеска се забележани обилни снежни врнежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни