Загрепчани пријавуваат необична миризба низ градот, која предизвикува многу сериозни здравствени проблеми.
Загрепската полиција ги обезбеди Максимир и Срерњак по неколку пријави од граѓани за чудна миризба која се шири низ главниот град на Хрватска, пишува „Јутарњи лист“. Полицијата соопшти дека се преземаат сите мерки за утврдување на сите околности кои довеле до загадувањето на воздухот кое предизвикало непријатност кај граѓаните.
Сите услуги на повик се наоѓаат на терен. „Јутарњи лист“ наведува дека од мачнини не страдаат само граѓаните, туку и нивните миленици.
„Државниот инспекторат добил известување од Жупанискиот центар 112 за непријатна миризба во јавниот одводен систем во Сребренјак. Дежурниот инспектор излегол на терен“, изјави тој за „Јутарњи лист“.
Надлежните се уште се обидуваат да утврдат што точно се случило и од каде доаѓа смрдеата што почна да се шири во четвртокот попладне. Првично, се сомневаше дека канализацијата минува низ шумата под колеџот помеѓу Хорватовац и Сребренјак.
