Противпожарните служби соопштија дека се води голема битка со времето, бидејќи ноќе не може да се користат хеликоптери и авиони за гаснење пожари кои во моментов играат голема улога во овие акции.
Во Грција во последните 24 часа се забележани дури 81 пожар, а најтешка е состојбата во Атика.
Според грчките медиуми, противпожарните екипи поддржани од полицијата, армијата и другите служби за итни случаи, како и локалното население, се борат да ги стават под контрола пожарите кои се разгореа поради силниот ветер.
На некои места, токму поради силниот ветер, пожарот за два часа поминал дури 12 километри, а најдраматична е ситуацијата околу Лутраки, каде пожарникарите и жителите се борат да го спречат огнот да го премине патот и да се упати кон рафинерии.
Противпожарните служби соопштија дека се води голема битка со времето, бидејќи ноќе не може да се користат хеликоптери и авиони за гаснење пожари кои во моментов играат голема улога во овие акции.
Грчките медиуми јавуваат дека пожарите ги зафатиле и станбените и деловните објекти, но засега не се наведува колку се уништени од пожарот.
Greece 🔥 Dramatic images from Kouvaras. Houses and properties are being destroyed by the fire#φωτια #Πυρκαγια pic.twitter.com/umt1jq5KWk
— llátzer 🌋 (@llatzr) July 17, 2023