Драстичен пад на продажбата на Porsche во Кина

Германскиот производител на спортски автомобили Порше објави дека во 2024 година забележал пад на продажбата од 28 отсто во Кина.

Компанијата во сопственост на Фолксваген продаде 56.887 возила во Кина минатата година, што претставува значителен пад во споредба со 79.283 автомобили во 2023 година.

Кина е најголемиот пазар на автомобили во светот, па послабата продажба во оваа земја исто така влијаеше на вкупниот резултат. Минатата година, глобалната продажба на Porsche падна за три отсто на 310.718 возила.

Купувачите во Кина се повеќе избегнуваат да трошат пари на луксузни стоки поради забавениот економски раст како резултат на кризата на пазарот на недвижности во земјата, пренесува Ројтерс.

Порше во октомври објави дека ќе ја намали својата дилерска мрежа во Кина, потег што ја одржува побарувачката слаба.

Вкупната продажба на брендот Volkswagen во Кина минатата година падна за 8,3 отсто на 2,2 милиони возила, а продажбата на Mercedes-Benz во таа азиска земја за седум отсто.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното