Милијардерот Бил Гејтс во интервју за Си-Ен-Ен откри дека направил голема грешка со тоа што се дружел со Џефри Епстин.
Имено, тој додаде дека биле на неколку вечери, а во студиото се разговараше и за тоа како бил многу тажен по разводот со сопругата Мелинда.
Една од главните причини за разводот, наводно, била неговата поврзаност со Епстин.
Гејтс вели дека пријателскиот однос почнал од 2011 година, кога сега починатиот педофил уплатил парични средства во Фондацијата „Гејтс и ЏП Морган“, а поради тоа, Гејтс жестоко се скарал со својата сопруга.
Таа била бесна поради тоа пријателство, па ангажирала и адвокати за разводот, во 2019 година, кога неговите средби со Епстин излегоа во јавност.
Гејтс неколкупати го посетил Епстин во неговата куќа, па дури и разговарал со него за неговиот брак, а тогаш Епстин го советувал да се разведе.
Гејтс сега вели дека бил загрижен за Епстин, кој впрочем, и беше осуден во 2008 година за подведување малолетнички во проституција, неколку години пред Гејтс да го запознае.
„Бев со него на неколку вечери со надеж дека ќе обезбеди милиони за филантропската организација поврзана со глобалното здравје преку неговите контакти. Кога видов дека ништо од ова нема да се случи, нашето дружење заврши. Беше голема грешка што го минав времето со него и му дадов важност. Имаше и други во слична ситуација, но јас згрешив!“, нагласи Гејтс.
Гејтс истакнува оти немал апсолутно никаква деловна врска или пријателство со Епстин и дека нивните состаноци биле исклучиво поврзани со филантропијата.
Прашан потоа – дали жали за неодамнешните наводи дека самиот тој се однесувал лошо на работното место, Гејтс не одговори конкретно.
