Двајца полицајци од СВР Велес вечерва се потешко повредени откако со колегите биле нападнати од дрвокрадци кај велешкото село Степанци.
Според информациите, еден од полицајците има отворена повреда на главата, а другиот повреда на стомак.
Повредените полицајци се пренесени во болницата во Велес, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Со реакција се јавија и од Грански Независен Синдикат на Полицијата од каде најавија подетални информации на прес конференција закажана за утре.
.