„Државата нема слух за најранливите“ – Крикот на едно семејство кое се соочува со мултиплекс склероза

Славе Тримчески во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ јавно проговори за стравот од најавените социјални реформи.

Тој вели дека асистентот не е луксуз, туку потреба која му овозможува да излезе и да заработи за леб.

„Од каде да скратиш, не знаеш. Ако јас треба да преземам сè, веќе нема да можам да работам“, вели Тримчески, нагласувајќи дека државната помош е „добредојдена“, но моментално недоволна.

Тој апелира институциите да обрнат многу повеќе внимание на овие случаи и наместо да кратат, да ја засилат поддршката.