Државјанин од Чешка останал дефект во демиркаписко, побарал помош за извлекување

На 01.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека во планински предел во близина на с.Страмашево, демиркаписко, В.Б.(46) од Република Чешка, поради дефект на мотоциклот кој го управувал, побарал помош за негово извлекување од местото.

Од полициски службеници од ОВР Неготино и Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Територијална противпожарна единица Неготино, било извршено пребарување на теренот, каде лицето било пронајдено и преземено од местото во добра здравствена состојба.