Денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците донесе одлука за два значајни амандмани на новиот Предлог-закон за јавно обвинителство. Најзабележлив е амандманот со кој се предвидува државниот јавен обвинител да не поседува двојно државјанство.
Пратеникот Сали Мурати, кој го предложи амандманот во име на групата пратеници, образложи дека оваа одредба има цел да ја зајакне интегритетот, независноста и веродостојноста на функцијата на јавниот обвинител, една од највисоките и најчуствителните во правосудниот систем. За амандманот гласаа осум пратеници, а еден беше против.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја поддржаа одредбата. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ваква ограничувачка мерка веќе постои за македонските амбасадори, додека Славјанка Петровска од СДСМ истакна дека слична одредба била воведена и при реформите во АНБ. Пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ, пак, се изјасни против, наведувајќи дека граѓаните кои се иселиле не треба да се ограничуваат.
Дополнително, беше прифатен и амандманот кој го менува член 22, став 2 од законот, со кој се овозможува јавниот обвинител да се изземе од постапување по предмет ако не се согласува со мислењето на стручниот колегиум. И двата амандмани се прифатливи и за Министерството за правда.
Седницата беше прекината поради пленарната седница на Собранието, а работата на Комисијата ќе продолжи по нејзиното завршување.
