Македонија

Државниот завод за ревизија најде низа пропусти во работењето на Албанскиот театар: Објекти без имотен лист и хаос во евиденцијата

Државниот завод за ревизија најде низа пропусти во работењето на Албанскиот театар: Објекти без имотен лист и хаос во евиденцијата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази мислење со резерва за финансиските извештаи и за усогласеноста со законите во работењето на Националната установа Албански театар во Скопје за 2024 година. Во објавениот извештај, ревизорите детектираа сериозни слабости во финансиското и административното управување со оваа културна институција.

Меѓу клучните забелешки се издвојуваат недостатоците при пописот на средствата, непостоењето материјална евиденција, како и запишувањето на градежни објекти во книгите без претходно обезбедени акти за сопственост (имотни листови).

Пропусти во тековното работење: Иако за дел од опремата и материјалните средства веќе има одобрение за употреба, тие во сметководството сè уште се водат како „средства во подготовка“. Дополнително, театарот немал дефиниран систем за набавка и задолжување со ситен инвентар, а утврдени се и слабости во водењето на евиденцијата за работното време на вработените.

Театарот продавал билети без официјален ценовник Ревизијата открива дека во Албанскиот театар не се евидентирале излезните документи во деловникот, а институцијата немала донесено ниту официјален акт за утврдување на цените на билетите.

Во посебниот дел за „Нагласување на прашања“, ДЗР алармира и за следниве нерегуларности:

  • Нерегулиран начин на користење на движниот и недвижниот имот на театарот.
  • Функционирање на Управниот одбор без законски потребниот број членови.
  • Недоследности во организацијата и систематизацијата на работните места.
  • Нерегулиран закуп на деловниот простор и користењето на паркингот за посетители.

Со цел да се надминат овие системски пропусти и да се подобри законското работење на установата, Државниот завод за ревизија испорача вкупно 13 препораки кои раководството на театарот ќе мора итно да ги спроведе.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни