Демократската унија за интеграција (ДУИ) официјално објави дека Аркин Јахији ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните локални избори.
Од партијата истакнуваат дека кандидатурата на Јахији носи „одговорност, единство и визија за развој“, со фокус врз изградба на поразвиена и достоинствена општина. Главните приоритети на нивната програма вклучуваат:
- Ефикасна администрација: Општински услуги целосно насочени кон потребите на граѓаните.
- Ра рамномерен развој: Конкретни инвестиции и еднакви можности за сите населени места во општината.
- Искористување на потенцијалите: Максимално активирање на развојните ресурси со кои располага Брвеница.
Според соопштението од ДУИ, Јахији ќе делува како директен глас на граѓаните и отворен партнер за сите кои сакаат да придонесат за подобрување на благосостојбата и локалниот економски напредок.