Душко Арсовски именуван за нов портпарол на Владата

Новинарот и уредник во МТВ Душко Арсовски е именуван за нов портпарол на Владата, соопштија од владината прес-служба.

Се вчитува...

Тој е назначен на денешната владина седница, а покрај него, портпарол останува и Мухамед Хоџа.

Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство, а на јавноста ѝ е познат лице од Македонската радио-телевизија (МРТ), каде од 2012 работи е уредник на надворешна политика, на централниот дневник, а во еден период и заменик главен уредник на информативната програма.

Тој доаѓа на местото на Миле Бошњаковски, кој по назначувањето на Стево Пендаровски за претседател, се пресели во неговиот кабинет како генерален секретар.

.

Извор: ТВ21