Свет

Два милиони луѓе избегале од Украина во Полска од почетокот на војната

Два милиони луѓе избегале од Украина во Полска од почетокот на војната
Околу 1,95 милиони луѓе ја напуштиле Украина во Полска од почетокот на војната, соопштиja утринава полската гранична стража. Повеќе од половина милион луѓе веќе ја напуштиле земјата за други дестинации, според истражувачот за миграција од Универзитетот во Варшава, професор Мациеј Душчик. Само во средата границата ја минале 60.000 луѓе, соопшти граничната полиција, што е за 11 отсто помалку од вторникот. Од 06:00 часот по Гринич во четвртокот, 12.000 луѓе поминале, што е помалку од 13.600 во истиот период во средата. Повеќето бегалци заминаа во големите градови, вклучувајќи ги Варшава, Краков и Вроцлав, кои имаат потешкотии да се справат со бројките.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни