Балкан

Два земјотреса ја потресоа Грција за неколку часа

Два земјотреса ја потресоа Грција за неколку часа

Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција во текот на утрото, при што двата потреса имале магнитуда над 4 степени според Рихтеровата скала.

Посилниот земјотрес се случил околу 6:40 часот, со магнитуда од 4,3 степени. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 25 километри од островот Скијатос, на длабочина од околу 10 километри.

Потресот бил почувствуван во околните подрачја, а жители преку страницата на EMSC споделиле дека биле вознемирени од земјотресот.

„Зградата се затресе“, „беше силен, но краткотраен“ и „чувствував како креветот ми се ниша“ се дел од сведоштвата објавени по потресот.

Неколку часа подоцна, во 9:42 часот, бил регистриран и втор земјотрес со магнитуда од 4,2 степени.

Според грчкиот весник „Катимерини“, епицентарот на вториот потрес бил во морето, на околу пет километри источно од Василика, во северниот дел на островот Евија.

Геодинамичкиот институт во првичната проценка навел дека хипоцентарот бил на длабочина од околу 16,8 километри.

Според досегашните информации, вториот земјотрес бил почувствуван и во делови од регионот Атика.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни