Два земјотреси утрово се случиле во Грција, според информациите на Националниот институт за геофизика, геодезија и географија.
Во 03:18 часот земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 30,5 километри северозападно од островот Лимнос.
Во 05 часот и 57 минути е регистриран нов земјотрес. Неговиот епицентар е на 34 километри северозападно од Лариса со јачина од 3,7 степени.
