Балкан

Двајца американски туристи полесно повредени во напад со нож кај Акрополот во Атина

Двајца американски туристи полесно повредени во напад со нож кај Акрополот во Атина

Двајца американски туристи се полесно повредени во напад со нож утринава кај Акрополот во Атина, соопшти телевизија Скај.

Според првичните информации, грчки државјанин, за кого се наведува дека има психички нарушувања, ги заплашувал минувачите со нож на јужниот влез од Акрополот. Подоцна било утврдено дека истото лице, без причина, им нанело полесни повреди на рацете на двајцата американски туристи.

Напаѓачот е приведен од припадници на полицијата. Засега нема дополнителни информации за случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни