Двајца млади мажи со српско потекло (18 и 21 година) се уапсени вчера во Лефкада под обвинение за силување и полови дејствија со малолетничка.
Во понеделникот на 28 август наутро до локалната полиција била поднесена пријава, според која 14-годишно девојче од островот било принудено од двајца мажи на секс со употреба на физичко насилство.
Ова се случило вечерта во петокот на 25 август на една од плажите на Лефкада, објави Курир повикувајќи се на ertnews.gr.
Малолетничката наводно запознала млади Срби, заедно излегле на плажа, каде што насилниците ја тепале и силувале.
Насилниците се идентификувани, девојчето е прегледано од лекарско вештачење, а случајот е проследен до обвинителството.
