Два нилски коњи во зоолошката градина во Антверпен во Белгија биле позитивни на коронавирус, што би можело да биде прв случај на овој вид.
Нилскиот коњ Имани (14) и Хермиен (41) немаат никакви други симптоми освен течење на носот, но зоолошката градина соопшти дека парот е ставен во карантин како мерка на претпазливост.
„Колку што знам, ова е прв пат да се случи ова кај овој вид. Во светот, овој вирус е забележан главно кај големите мајмуни и мачки“, рече ветеринарот од зоолошката градина Френсис Веркамен.
Од почетокот на пандемијата, пријавени се домашни миленици, вклучително и мачки и кучиња, заразени со коронавирус по контакт со нивните сопственици, додека зоолошките градини пријавиле случаи кај животни како што се големи мачки, видри, примати и хиени.
