Свет

Двајца пилоти загинаа во пад на воен авион во близина на Рим

Двајца пилоти загинаа во пад на воен авион во близина на Рим

Двајца припадници на италијанските воздухопловни сили загинаа кога нивниот авион за обука Т-260Б се урна за време на вежба над Националниот парк Чирчео, јужно од Рим, соопштија извори.

Спасувачките екипи ги пронајдоа остатоците од авионот во пламен, заедно со телата на загинатите пилоти, објави Анса.

Несреќата се случила во близина на еден од влезовите во паркот, во пошумена област каде што во тој момент немало цивили.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни