Два дена по трагедијата во Нови Пазар кога во пожар загинаа четири деца, Србија ја потресе нов трагичен настан.
Две деца на возраст од 1 и три години загинаа во пожарот што утрово избувна во Стара Моравица, кај Бачка Топола.
Семејството во чија куќа изби пожарот има 8 деца.
Останатите од повеќечленото семејството успеале да побегнат, скокајќи низ прозорецот, а среќа во несреќа било што четири од осумте деца во моментот на пожарот биле на училиште.
Се истражуваат причините за пожарот.