Балкан

Две години од страшната трагедија во „Рибникар“ – точно во 8:40 прекината програмата на сите телевизии во Србија

Две години од страшната трагедија во „Рибникар“ – точно во 8:40 прекината програмата на сите телевизии во Србија

По повод двегодишнината од страшната трагедија во основното училиште „Владислав Рибникар“, кога едно момче по име К. К. изврши масовно убиство, сите телевизиски програми во Србија го прекинаа емитувањето точно во 8:40 часот наутро, односно времето кога започна масакрот.

Поминаа две години од ужасното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и еден чувар на училиштето во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Убиени се Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ана Божовиќ, Адријана Дукиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ, Софија Негиќ, Андрија Чикиќ и чуварот Драган Влаховиќ.

Минатата година, во декември, на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето, им беше изречена првостепена пресуда.

Владимир Кечмановиќ е осуден на 14,5 години затвор, а Миљана Кечмановиќ на три години затвор. Инструктор на стрелиште беше осуден на 15 месеци затвор за лажно сведочење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни