Девојчето Паркер Солтес (2) било пронајдено без свест во вжештениот автомобил на нејзиниот татко, кој ја оставил таму бидејќи не сакал да ја разбуди.
Малата заспала додека се возела со татко и, а тој ја оставил во кола за да си дреме, но заборавил дека кога ќе се исклучи моторот, во автомобилот ќе стане неподносливо жешко бидејќи клима уредот ќе престане да работи.
Термометарот покажа 42,7 степени Целзиусови откако малото девојче беше пронајдено речиси мртво во теренецот.
Веднаш била пренесена во болница, но набрзо починала.
Ден по несреќата во обдукцискиот извештај е наведено дека смртта настапила поради високата температура во возилото. Овој трагичен настан најпрвин бил снимен како несреќен случај, но потоа бил променет.
Два часа подоцна, откако беше пронајдено девојчето, уапсен е таткото Кристофер Солтес (37), кој играл игри на Sony додека неговата ќерка умирала во вжештена кола.
Полициската истрага откри дека 37-годишен маж ја оставил својата заспана ќерка во џип по шопинг на 9 јули, додека климата во автомобилот работи.
На распитот рекол дека не сакал да ја разбуди, но дека потоа заборавил на неа. Тој дури сфатил дека ја нема кога неговата сопруга дошла дома, што било предоцна.
Автомобилот имал можност за одложено исклучување, што значи дека моторот работел 30 минути, но потоа се гасел, а со тоа и климата.
Според полицијата, ова не е прво невнимание на таткото. Двете постари ќерки изјавија дека нивниот татко редовно ги оставал сами во автомобилот додека бил зафатен со играње игри.
По смртта на нивното најмало дете, неговата сопруга, која работи како анестезиолог на клиниката, му испратила потресна порака.
“Ти реков да не ја оставаш во кола, колку пати сум ти го кажал тоа. Ја изгубивме, беше совршена”, му напишала сопругата, пренесува azcentral.com.
Кристоф Солтес беше ослободен од обвинението за убиство од небрежност и злоупотреба на деца.