Две лица загинаа денеска на истарските плажи – постар маж е извлечен од морето на плажата Саладинке, кај Червар Порат, а постара жена на плажата Валкане во Пула.
Реанимацијата во двата случаи била неуспешна
Истарската полиција на новинарско прашање одговори дека денеска околу 12 часот добила дојава дека на плажата Саладинке кај Червар Порат од морето е извлечено машко лице и дека итната медицинска помош врши реанимација. Реанимацијата не била успешна и 71-годишниот словенечки државјанин починал.
Полицијата добила уште една дојава дека околу 15 часот од морето до плажата Валкане во Пула била извлечена постара жена, со информација дека е во тек реанимација, но жената починала. Идентитетот се уште не е познат, а надлежниот државен правобранител нареди обдукција, соопшти истарската полиција.