Македонија

Две лица загинаа во тешката несреќа кај кочанско Тркање!

Две лица загинаа во тешката несреќа кај кочанско Тркање!

Две лица загинаа денеска по несреќа на експресниот пат Штип – Кочани во близина на селото Тркање.

Според информациите, во несреќата учествувале две возила марки „Пежо 3008“ и „Фолксваген УП“, при што едно од возилата се запалило.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале двајцата возачи.

На лице место интервенирале од Итната медицинска помош Кочани, ТППЕ Кочани, како и од полициската станица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни