Две недели без воз на релација Велес – Гевгелија, итна санација на мостот кај Стоби

Поради оштетување на железничкиот мост кај Стоби на пругата која води од Велес до Гевгелија повеќе од две недели е во прекин оваа железничка линија.

Од Владата на Република Макеодонија на денешната редовна седнива беше донесена одлука за итна санација на овој мост и ги задолжи министерствата за финансии и за транспорт и врски да предложат можни решенија за изнаоѓање финансиски средства потребни за санацијата на мостот.

ЈП Македонски железници Инфратруктура пак треба да почне итна постапката за реализација на санацијата на носечките столбови на мостот над Црна Река на вливот во Вардар во близина на Стоби.