Нови обвиненија се поднесени против хип-хоп уметникот Шон Диди Комбс во Врховниот суд на државата Њујорк за дрогирање и сексуално злоставување на 10-годишно момче во хотелска соба во Њујорк во 2005 година, како и за слични напади на 17-годишно момче во 2008 година.
Двете нови тужби беа поднесени во понеделникот и се најнови во низата тужби поднесени против Комбс за сексуални напади на забави и состаноци во изминатите две децении, објави АП.
Адвокатите на Комбс во понеделникот ги отфрлија наводите во двете нови тужби и го обвинија адвокатот на тужителите, Ентони Базби, дека бара публицитет.