Свет

Двегодишно дете почина во торнадо: Мајката е во тешка состојба, има повеќе повредени (ФОТО)

Двегодишно дете почина во торнадо: Мајката е во тешка состојба, има повеќе повредени (ФОТО)
Синоќа двегодишно дете загина, а мајка му е тешко повредена кога торнадо собори дрво кое падна врз нивниот дом во предградието на Детроит во американската сојузна држава Мичиген. Во исто време пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога торнадо собори дрво на куќа во Гајтерсбург во Мериленд, пренесува АП. Детето починало на местото на настанот, а мајката е пренесена во болница во критична состојба, додека 2-годишното бебе, кое било во креветче во посебна просторија, не е повредено и е пренесено во болница на евалуација, соопшти шефот на против пожарната служба на Детроит, Ливонија, Роберт Џонсон. Спасувачките екипи работеа речиси еден час на отстранување на урнатиот покрив и делови од паднатото дрво за да ги извлечат жртвите. Официјални лица на Ливонија објавија на веб-страницата на градот дека торнадо погоди неколку населби во градот во средата попладне. Националната метеоролошка служба во Детроит објави на платформата X во средата вечерта дека торнадо со максимална брзина од 153 километри на час допре во Ливонија, корнејќи дрвја и оштетувајќи некои домови. Предупредувања за торнадо беа издадени и во средата навечер во американската држава Делавер.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни