Движење Беса на Биљал Касами го критикуваше предлог буџетот за 2019 година. Според оваа партија, буџет е дискриминирачки за албанските населени места. Тие велат дека овој предлог буџет и претходните предолг-буџети, не ги задоволуваат потребите и барањата на Албанците, започнувајќи од процесот на децентрализација, кој не беше завршен успешно.
Портпаролот на оваа партија, Абдуш Демири рече дела како резултат на тоа, сега општините се сочуваат со недостиг на финансиските средства за финансирање на проектите и со тоа се влошува нивната работа. Тој најави дека Движење Беса ќе предложи амандмани за да се намали буџетската дискриминација на оваа влада кон Албанците.
„И понатаму продолжува трендот на потценување на албанскиот кадар во Влада, каде сите албански министри управуваат со буџет кој е околу 20% од вкупниот буџет, иако составуваат 45% од Владата, (премиерот и министрите кои раководат едно министерство, или секретаријат). Овде вреди да се спомне дека поголемиот дел на министрите Албанци, раководат со незначителни буџети“, изјави Абдуш Демири, Движење Беса.
