Ханде Ергел и Керем Бурсин публиката ги сакаше како Еда и Серкан во популарната ТВ серија „Немирно лето“, а двајцата турски актери долго време криеја дека се и во приватна врска.
Дури откако беше откриено дека заедно се на одмор на Малдиви, решија да ја признаат својата љубов и тоа се одвиваше, околу година и половина, најмногу пред очите на јавноста. Меѓутоа, сега Ханде одлучила да раскине со Керем, но на своите придружници ништо не им кажала за тоа. Речиси 30 милиони нејзини следбеници уживаат во снимката на поранешната мис на Турција од Лондон, каде црномурестата убавица е сосема сама.
Ниту Серкан, односно Керем се уште не се огласи, но турските медиуми пишуваат дека силното его на двете ѕвезди било главниот камен на сопнување. Се чини дека актерската суета сепак ја згасна љубовта за која многумина мислеа дека води кон брак, но и во сериите во кои глумеа.
